Меџитлија: Се подига жичана ограда на границата со Грција
10.12.2015 15:06
Изградбата е во согласност со донесените заклучоци на Управувачкиот комитет, со што Армијата доби задача за изградба на жичана ограда, каде што е неопходно...

Портпаролот на македонската Армија, потполковник Тони Јаневски, за МТВ потврди дека вчеравечер почнало подигањето на оградата кај граничниот премин Меџитлија, на Македонско- грчката граница.
Изградбата е во согласност со донесените заклучоци на Управувачкиот комитет, со што Армијата доби задача за изградба на жичана ограда, каде што е неопходно.
Овие мерки, според Јаневски, ќе продолжат според насоките и задачите од управувачкиот комитет што ги спроведува Армијата.
Претходно, жичана ограда во должина од неколку километри беше подигната на границата кај Гевгелија.
