Анкетна комисија: Сослушување на сведоците од понеделник
Како што беше најавено во дописот до Анкетната, премиерот Груевски ќе даде изјава на 14-ти, додека вицепремиерот и министер за финансии Ставрески, на 17-ти декември...

Со мнозинство гласови, Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, не го прифати дневниот ред за сослушување сведоци. ВМРО ДПМНЕ на оваа седница предложи да се формира работна група за посета на безбедносните служби во земјава.
Како што беше најавено во дописот до Анкетната, премиерот Груевски ќе даде изјава на 14-ти, додека вицепремиерот и министер за финансии Ставрески, на 17-ти декември.
На денешната седница, според редоследот утврден од претседателот на анкетната Шилегов, беа повикани вицепремиерот Ставрески, и шефот на кабинетот на премиерот Протуѓер.
Но, ВМРО ДПМНЕ забележа дека било направено без меѓусебна координација. Тоа се покажа и денеска, два часа расправа и повторно без успешна координација.
