Богата новогодишна и божиќна програма во културните установи
Македонските граѓани месецов ќе уживаат во огромен број концерти и театарски претстави...

Новогодишните и божиќните празници обоени во популарни музички фрагменти од делата на големите автори на оперетите, полките, валцерите, но и со звуците на домашната и светската класика. Македонските граѓани месецов ќе уживаат во огромен број концерти и театарски претстави.
Културните установи ја објавија празничната програма. На 28-ми во МНТ премиера на светски познатиот мјузикл „Чикаго“ , додека Танец на 23-ти декември, ќе ги изведе најпознатите танци и ора од нашата богата традиција.
Овој пат на традиционалниот Василичарски концерт ќе бидат отпеани најпознатите рефрени од „Макфест“, а на 20-ти декември Филхармонијата ќе одржи Новогодишен концерт за деца.
Според министерката Канческа- Милевска, провокација за посетителите ќе биде и Новогодишниот и Божиќниот концерт.
Метрополата ќе се збогати со уште еден настан. Македонската Филхармонија на 17-ти декември ќе одржи предпразничен концерт под диригентската палка на Борјан Цанев.
Македонската Филхармонија, Опера и Балет, МНТ, Танец и другите институции на овој начин на македонските граѓани им ги честита Новогодишните и божиќните празници.
Викторија Милевска
