Собранието ќе го одржи првото продолжение на 82-та седница

11.12.2015 08:58

На дневен ред на седницата се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странците...

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 82-та седница.

На дневен ред на седницата се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за странците, по скратена постапка и Предлог-законот за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка.