Се подига ограда и кај Меџитлија, Чешка ќе испрати полицајци за справување со бегалската криза

11.12.2015 10:37

Продолжувањето на ваквите мерки, по должината на Македонско-грчката граница е во согласност со донесените заклучоци на управувачкиот комитет, а Армијата доби задача за изградба на жичена ограда, каде што е неопходно, велат од Генералштабот...

Се подига ограда и кај граничниот премин Меџитлија. Се планира да се постави до караулата кај село Драгош, во должина од 10 километри. Продолжувањето на ваквите мерки, по должината на Македонско-грчката граница е во согласност со донесените заклучоци на управувачкиот комитет, а Армијата доби задача за изградба на жичена ограда, каде што е неопходно, велат од Генералштабот.

Според портпаролот, потполковник Јаневски, овие мерки ќе продолжат според насоките и задачите од Управувачкиот комитет. Претходно, жичена ограда во должина од неколку километри, беше подигната на границата кај Гевгелија.

Чешка би можела да и помогне на Македонија во справувањето со бегалската криза, со испраќање контингент полицајци, изјави чешкиот министер за одбранa Мартин Стропницки. За ова, идната недела во Прага ќе разговараат претставници на земјите на Вишеградската група, во која покрај Чешка се и Словачка, Полска и Унгарија.