Седница на Анкетната комисија за прислушувањето
Претседателот на комисијата Шилегов инсистира на почитување на редоследот што го објави пред една недела...

Во Собранието закажана седница на Анкетната комисија за прислушувањето, со единствена точка на дневниот ред, сослушување сведоци. Претседателот на комисијата Шилегов инсистира на почитување на редоследот што го објави пред една недела.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, се спротивставува, со образложение дека тоа било направено без координација.
Според најавите, премиерот Груевски треба да даде изјава пред Комисијата в понеделник. Освен него, ВМРО-ДПМНЕ како сведоци ги предложи министерот за финансии Ставрески и ексминистерката за внатрешни Јанкулоска.
СДСМ, пак, ги повика поранешниот министер за транспорт Јанакиески, екс првиот разузнавач Мијалков и шефот на кабинетот на Груевски, Протуѓер.
Идната недела се планираат и посети на МВР, УБК и на Агенцијата за разузнавање.
