Ријад: Потпишана Декларацијата на сириската опозиција
11.12.2015 10:52
Противниците на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад се договорија за обединување на вооружените и политичките фракции во една организација...

Исламистичката бунтовничка група Ахрар Ал Шам и покрај тоа што вчера ги напушти преговорите во Ријад, ја потпиша Декларацијата на сириската опозиција.
Противниците на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад се договорија за обединување на вооружените и политичките фракции во една организација, како подготовка за евентуални мировни преговори со владата на Асад.
Претседавачот на средбата Абдулазиз Ал Сагер изјави дека во периодот од 1 до 10 јануари делегација на опозицијата ќе се сретне со претставници на сириската влада.
