Резултати од проектот на АХВ за побезбедна храна
11.12.2015 09:54
Проектот вреден 1,8 милиони евра, почна пред две години, со цел подобрување на заштитата на здравјето на луѓето, животните и на растенијата...

Во Агенцијата за храна и ветеринарство ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Градење на капацитетите на надлежните служби за безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика“.
Проектот вреден 1,8 милиони евра, почна пред две години, со цел подобрување на заштитата на здравјето на луѓето, животните и на растенијата, преку зајакнување на постојниот институционален капацитет на системот за безбедност на храната со обезбедување интегриран, мултидисциплинарен пристап, во кој се опфатени сите фази од синџирот на исхраната.
