МВР: За 24 часа издадени 3.784 потврди за азил

11.12.2015 11:19

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 1.783, Авганистан- 870 и Ирак- 1.131...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.784 странски државјани, од кои 1.505 се од машки пол, 804 се од женски, 1.411 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 64 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија- 1.783, Авганистан- 870 и Ирак- 1.131.

Досега, како што соопшти МВР, издадени се потврди на вкупно 325.543 странски државјани, од кои, 182.999 се од машки пол, 52.329 се од женски, 72.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.783 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-188.361 потоа Авганистан-79.063, Ирак-36.678, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.