Вашингтон: Да се решат тензиите меѓу Турција и Ирак

11.12.2015 11:50

Во соопштението се наведува дека тие ја потенцирале „важноста за разрешување на тензиите меѓу Турција и ирачката влада со целосно почитување на суверенитетот на Ирак.“

Белата куќа соопшти дека американскиот потпретседател Бајден разговарал со турскиот премиер Давутоглу за борбата против Исламска држава и за тензиите меѓу Анкара и Багдад.

Во соопштението се наведува дека тие ја потенцирале „важноста за разрешување на тензиите меѓу Турција и ирачката влада со целосно почитување на суверенитетот на Ирак.“

Претходно, претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган истакна дека турската армија нема да се повлече од Ирак, откако Багдад ја обвини Анкара дека без дозвола разпоредила војска на ирачка територија.

Во знак на протест, пак, Ирак го затвори трговското претставништво во Истанбул.