Војската на САД убила 350 припадници на Исламска држава
11.12.2015 11:56
Портпаролот на Пентагон додаде и дека претходно бил убиен и министерот за финансии на Исламска држава и уште двајца лидери...

Американската војска соопштила дека во воздушните напади во последната недела убила околу 350 припадници на Исламска држава во ирачкиот град Рамади.
Портпаролот на Пентагон додаде и дека претходно бил убиен и министерот за финансии на Исламска држава и уште двајца лидери.
Исламска држава пред 7 месеци ја презеде контролата врз Рамади, но оваа недела ирачките сили успеаа да заземат дел од него.
Сепак, според портпаролот на американската војска, и покрај загубите, терористите се уште ја држат контролата врз поголемиот дел од градот.
