Историски најниска

Стапката на невработеност намалена на 25,5% во третиот квартал

11.12.2015 13:03

Невработеноста падна на историски најниско ниво од 25,5%. Во третото тримесечје од 2015 година, активното население во Република Македонија брои 954.610 лица од кои вработени се 711.380, а 243.230 лица се невработени...

Пад на невработеноста на историски најниско ниво. Последните податоци на Државниот завод за статистика за третиот квартал од годинава покажаа ново намалување на стапката на невработеност на 25,5%.

Во третото тримесечје од 2015 година, активното население во Република Македонија брои 954.610 лица од кои вработени се 711.380, а 243.230 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9%, стапката на вработеност 42,4%, додека стапката на невработеност изнесува 25,5 проценти.