Одложено донесувањето на договорот за климата

11.12.2015 13:59

Според извори од француското претседателство, се остава време за консултации со делегациите, пред да се достави конечниот текст на договорот за борба против глобалното затоплување...

Претставувањето на конечниот нацрт-договор на Конференцијата на Обединетите Нации за климата, што се одржува во Париз, се одложува за утре.

Според извори од француското претседателство, се остава време за консултации со делегациите, пред да се достави конечниот текст на договорот за борба против глобалното затоплување.

Преговарачите се усогласија за долгорочната цел, глобалното затоплување да се држи „значително под“ два степена, како и дека целта е државите што поскоро да се договорат за највисоко ниво на емисии на штетни гасови.

Кинескиот и американскиот претседател Џи Пинг и Обама, во телефонски разговор се договориле да продолжат да соработуваат во решавањето на проблемот со климатските промени, јави Кинеската државна телевизија.