Промовиран Кластерот за туризам на тиквешкиот регион

11.12.2015 14:16

Кластерот е основан по иницијатива на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО), со 220.000 евра поддршка од словенечката Влада. Ќе почне да функционира од 1 јануари 2016 година...

Максимално искористување на потенцијалите со кои располага тиквешкиот регион за развој на туризмот и локалната економија е целта на новоформираниот Кластер за туризам што беше промовиран денеска во винаријата „Стоби“.

Кластерот е основан по иницијатива на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО), со 220.000 евра поддршка од словенечката Влада. Ќе почне да функционира од 1 јануари 2016 година, а во него, освен винариите од Тиквешко, „Стоби“, „Тиквеш“ и „Попова кула“, членуваат и општините Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Во кластерските активности ќе бидат вклучени и регионалните ловни и риболовни здруженија, хотелиери, производители.