Работа

4.000 вработувања годинава

20.01.2014 15:00

Преку активни програми и мерки за вработувања опфатени во Оперативниот план за 2014 година предвидени се вработувања на 4.000 лица, соопшти премиерот Никола Груевски во обраќањето пред синдикатите во Домот на АРМ, осврнувајќи се на активностите што се преземаат за подобрување на состојбата со вработувањата.

„Оваа година продолжуваме со Оперативниот план за 2014 година. Во него дефинирани се видот на активните програми,  целните групи, потребните средства и изворите на средствата, како и конкретните активности,  рокови за субјектите надлежни за имплементација на одделните активности. Оваа година преку Оперативниот план за  активни програми и мерки за вработување се планира да учествуваат 9.135 активни баратели на работа за што се обезбедени 525.788.240 денари. Со овие средства предвидено е да се вработат  над 4.000 луѓе“, рече Груевски.

Груевски додаде дека од 2006 година до денес во земјава се отворени над 100 илјади нови работни места, а невработеноста од тогашните околу 38 % падна на историски најниските 28,7 %.