ФБИ: ИД изработува автентични сириски пасоши

11.12.2015 14:18

Фалсификуваните пасоши на џихадистите им овозможуваат да ги преминат границите како бегалци од Сирија...

Џихадистите на Исламска држава заплениле барем една софистицирана машина за изработка на автенчини сириски пасоши и многу празни примероци, предупреди директорот на ФБИ, Џејмс Коми.

Фалсификуваните пасоши на џихадистите им овозможуваат да ги преминат границите како бегалци од Сирија.

Коми рекол дека ФБИ има причина да верува дека веќе се инфилтрирани во САД и дека Бирото будно ќе  следи за да разоткрие поединци.

Запленетата машина и бланко пасошите се опасност и за САД и за целиот свет. Бомбашите во Париз поседувале такви пасоши.