Груевски: Падот на невработеноста дава мотив да продолжиме со ова темпо
Во третиот квартал од годинава Статистика забележа историски пад на стапката на невработеност на 25,5%. Во споредба со претходниот квартал, стапката на невработеност е намалена за 1,3%...

Падот на стапката на невработеност дава сила и мотив да продолжиме со ова темпо на работа и со овој начин на водење на економијата, создавање на добра бизнис клима и привлекување на инвеститори кои отвораат нови работни места, напиша премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил.
Во третиот квартал од годинава Статистика забележа историски пад на стапката на невработеност на 25,5%. Во споредба со претходниот квартал, стапката на невработеност е намалена за 1,3%.
„Денес сум среќен многу, навистина многу среќен. Мојот сон се остварува. Стапката на невработеност падна на историски ниски 25,5 отсто. Од околу 38 отсто во 2006-та на денешни 25,5 отсто заклучно со септември оваа година. За само еден квартал се намали за 1,3 отсто. Истовремено расте на бројот на вработените во земјата, од околу 560 илјади вработени во Македонија кога дојдовме во владата, денес имаме регистрирани 711 илјади ново отворени работни места, што е за скоро 150 илјади повеќе. Тоа се 150 илјади ново отворени работни места. Луѓе кои седеле дома во безнадеж, апатија, и нервоза, со чувство за бесперспективност и немање верба во никого, денес имаат свое вработување, свое работно место, своја плата, осигурување, иднина, перспектива, надеж, елан“, вели премиерот Груевски, и додава дека овие податоци претставуваат успех на Македонија.
Денес сум среќен многу, навистина многу среќен. Мојот сон се остварува. Стапката на невработеност падна на историски нис...
Posted by Nikola Gruevski on Friday, December 11, 2015
