„Господарот на кукавицата“ – премиера на Театар Комедија
Говори за глобализацијата и за она што таа како закана го покажува кон идентитетот на малите култури...

Не е класична комедија, но ќе има многу смеа. Комедијата има лековита димензија и овој театар со оваа претстава ќе биде повторно аптека на смеата, рече Венко Андоновски, по чиј текст а во режија На Андреј Цветановски в понеделник премиерно ќе биде изведена претставата „Господарот на кукавицата“ во Театар Комедија. Говори за глобализацијата и за она што таа како закана го покажува кон идентитетот на малите култури.
Галичник и Скопје се местата во кои се одвива дејството и борбата меѓу традицијата и глобализацијата. Режисерот Цветановски рече дека со оваа претстава ја искристализирал темата за тој конфликт.
Театар Ломедија во март ќе одбележи четири години постоење, во кои „Господарот на кукавицата“ е петта праизведба на домашна комедија.
На 18-ти декември, Театар Комедија ќе гостува во Сатиричниот театар во Софија со две претстави. Француската модерна драма „Име“ во режија на Нени Делместре и со „Лисистрата“ во режија на Наташа Поплавска.
Александра Перевска
