Закани за тероризам во Сочи
Три недели пред Олимписките игри во Сочи, чеченските исламисти преку видео снимка на Јутјуб се заканија со терористички напади за време на Олимпијадата. „ Подготвивме подарок за сите туристи и натпреварувачи кои ќе дојдат во Сочи.
Три недели пред Олимписките игри во Сочи, чеченските исламисти преку видео снимка на Јутјуб се заканија со терористички напади за време на Олимпијадата. „ Подготвивме подарок за сите туристи и натпреварувачи кои ќе дојдат во Сочи. Ако ги поддржите Олимписките игри ќе го добиете нашиот подарок за целата пролеана муслиманска крв“ , се вели во соопштението. Двајцата терористи кои се имаенуваат како Сулејман и Абдурахман, се членови на групата Џамаат Ансар ал- Суна и на руски јазик соопштуваат дека луѓето во Сочи не се безбедни се додека на територијата на Северен Кавказ има руски воени сили. Претседател Владимир Путин смета дека Русија може да биде цел на напад, но ќе стори се да ги оневозможи .
-Безбедноста во Сочи ќе биде на највисоко ниво, но се надевам дека тоа нема да влијае на туристите, полицијата нема да се забележува, најави Владимир Путин, Претседател на Русија.
Во пресрет на Олимписките игри Руските законодавци почнаа процедура за воведување поригорозни казни за терористички напади .
-Сметаме дека законите треба да се променат, да бидат поригорозни, а контролата на документи и на возила ќе бидат на највисоко ниво, оцени Андреј Луговој националистичка либерално-демократска партија.
Организаторите на Олимписките игри велат дека камери ќе бидат поставени низ целиот град, а мерките одат дотаму што полицијата ги проверува личните податоци дури и на оние кои купуваат карти преку интернет. Водачот на чеченските исламисти Доку Умаров лани повика на напади за време на игрите, но минатата недела претседателот на кавкаската република Чеченија Кадиров соопшти дека Умаров е ликвидиран.
Марија Петковска
