Неуспешни преговори за составот на ДИК
Според ВМРО-ДПМНЕ ова е тактика на СДСМ да го блокира изборот на тројцата експерти во ДИК како дел од подолгорочната стратегија да не се постигне договор што може да доведе до одложување на изборите...

ВМРО-ДПМНЕ ги прифатило предлозите на СДСМ за двајца експерти во составот на Државната изборна комисија, но Социјалдемокретите негодувале за кадровското решение што го договориле ДУИ и ДПА, брифираат од владејачката партија. Објаснувањето им било дека е близок до власта.
Според ВМРО-ДПМНЕ ова е тактика на СДСМ да го блокира изборот на тројцата експерти во ДИК како дел од подолгорочната стратегија да не се постигне договор што може да доведе до одложување на изборите.
Од СДСМ, пак, велат дека за нив е клучно да се изберат експерти кои немаат партиска заднина и имаат големо меѓународно и домашно искуство во спроведување на изборните процеси.
