Клинтон: Трамп е опасен
11.12.2015 17:43
Клинтон го обвини кандидатот за Републиканска номинација за претседателските избори дека тргува со „предрасуди и параноја“...

Доналд Трамп веќе не е смешен, туку опасен, изјави неговата ривалка од демократите Хилари Клинтон по неговиот повик да им се забрани влез на муслиманите во САД.
Клинтон го обвини кандидатот за Републиканска номинација за претседателските избори дека тргува со „предрасуди и параноја“.
Инаку, Трамп имаше непријатна средба со американскиот симбол – белоглав орел по име Чичко Сем, кој го нападна за време на фотосесија за „Тајм Магазин“.
