Ниските температури добредојдени за есенските посеви
Ниските температури ќе влијаат поволно на есенските посеви за подготвено да ја поминат земата, велат агрономите. Влага во почвата има доволно за развој на сите земјоделски култури...

Намалувањето на температурата е добредојдена за посевите, особено во периодот на прилагодување на растенијата за зимскиот период.
Неделава, стабилизацијата на времето ќе овозможи продолжен развој на подоцните посеаните површини за да станат поиздржили во зимски услови.
Засега состојбата со посевите е стабилна, влага во почвата има, вели Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи, со што се исполнети сите услови за навлегување на посевите и на останатите култури во фазата на презимување, вклучувајќи ги и овошките и виновата лоза.
Методија Трајков
