Избори во Франција: Попречен патот на крајната десница

14.12.2015 10:00

Крајната десница – Националниот фронт не успеа да освои ниту еден регион, откако постигна рекордни резултати пред една недела при првиот круг...

Републиканскиот фронт се испречи напатот на Националниот фронт – крајната десница, мобилизацијата на француските гласачи ( над 58,50%) доведе до победа на умерените политички партии – социјалистите и републиакнците.

Социјалистите успеваат да зачуваат пет од 13 региони, десницата освои 7 региони од кои тие што се најнаселени, Корзика е во рацете на регионалистите.

Крајната десница – Националниот фронт не успеа да освои ниту еден регион, откако постигна рекордни резултати пред една недела при првиот круг.

Резултатите, 16 месеци пред претседателските избори во 2016 година, се пораз за Марин Ле Пен која загуби на Северот од Франција, додека нејзината внука Марион Марешал Ле Пен исто така беше поразена на Југот, а вториот човек и стратегот на Националниот Фронт Флориан Филипо, беше поразен на Истокот од Франција.

„Опасноста од крајната десница не е отстранета, далеку од тоа“ – реагираше премиерот Мануел Валс. Тој го поздрави достојниот елан, но според него овие резултати не даваат простор за никакво олеснување и за никаков триумфализам.

Претседателот на Републиканците Никола Саркози, кој по овие избори излегува ослабен на политички план, со оглед дека ги стави на исто ниво социјалистите и Националниот фронт, повика на „единство на десницата“ во перспектива на претседателските избори во 2017. Тој добро знае дека дебатата за линијата кој ја бранеше пред регионалните избори ниту социјалсити, ниту национален Фронт ќе го чини скапо.

„Единство во семејството на републиканците, унија со центарот, одбивање на сите компромиси со екстремните партии ги дозволија овие резултати“, рече Саркози.

Вчерашните избори се нов пораз за социјалистите на Франсоа Оланд, кои се најдоа на најнсикото ниво во своиоте историски изборни бастиони на северот и југот од Франција. За извршната власт тоа е единствената цена која требаше да се плати за да се појават како единствени противници на Националниот Фронт во перспектива на претседателските избори.

„За социјалистичката партија овие избори претставуваат успех без радост. Нашата земја е во вонредна состојба, ние се упте ја носиме жалоста за нашите 130 сонародници убиени од терористите, без радост поради тоа што крајната десница е очигледно многу високо“, вели Камбаделис.

Првиот секретар на социјалситите, Жан-Кристоф Камбаделис сепак ја повика владата да ја промени својата политика и да води политика поблиска до левицата, за да ја зачува унијата на левицата ако сака да се најде во вториот круг на претседателските избори во 2017.

Големиот губитник на вчерашните избори, Марин Ле Пен, оцени дека „режимот е во агонија“ во една жестока декларација.

„Ви честитам дами и господа, избирачи патриоти, храбри и одлучни бидејќи ги отфрливте застрашувањата и манипулацијата. Ништо нема да може да не запре“, рече Ле Пен.

 

Тони Гламчевски, постојан дописник од Франција за МРТ