Седница на три собраниски комисии
14.12.2015 10:04
Работата ќе ја продолжи и Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето...

Во Законодавниот дом, седници ќе одржат три собраниски комисии. На дневен ред на комисијата за европски прашања е наративен преглед на степенот на реализација на националната програма за усвојувањето на правото на Европската унија, во третиот квартал од 2015 година.
Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа за предлог- законот за изменување и дополнување на законот за иновациска дејност, а работата ќе ја продолжи и Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
