350 новороденчиња во САД заразени од туберкулоза

14.12.2015 10:10

Како што соопшти болницата „Санта Клара“ во Сан Хозе, кон средината на минатиот месец се појавил сомнеж дека еден од нејзините вработени има туберкулоза...

Постои можност околу 350 новороденчиња да се заразени од туберкулоза во една болница во Калифорнија, бидејќи е откриено дека еден вработен во здравствената установа боледувал од оваа болест.

Како што соопшти болницата „Санта Клара“ во Сан Хозе, кон средината на минатиот месец се појавил сомнеж дека еден од нејзините вработени има туберкулоза.

Вработениот, кој работел на одделот за неонатологија, моментно е на отсуство.

Според податоците на Центарот за контрола и превенција од болести, во САД минатата година биле регистрирани 9.421 случаи на туберкулоза.