Бесплатни перики за болните од рак

20.01.2014 15:45

Здружението за борба против рак "Борка-за секој нов ден " во текот на овие месеци го продолжува четиригодишниот проект за бесплатно обезбедување перики за жените кои имаат дијагностицирано карцином и се подложени на хемотерапија со низок социјален статус. Овој пат Здружението во соработка со АД Електрани на Македонија обезбеди нови 30 перики. 

Доделувањето на периките се врши во просториите на Здружението "Борка-за секој нов ден " ул.11 Октомври бр.25, деловна зграда Осигурување Македонија, 7 кат во Скопје.

Сите коишто имаат потреба од перика, претходно треба да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 55 777 или на 02 3224 636 за да се информираат каква документација треба да достават за да земат перика.