Еден убиен и двајца повредени во престрелка во Струшко
Првичните сознанија за причината за настанот се меѓусебните нарушени односи. По настанот, сторителите го напуштиле местото и во моментов се недостапни на органите на прогонот...

Во меѓусебна престрелка меѓу две групи, синоќа кај струшкото село Долна Белица, едно лице го загуби животот, а двајца се повредени. Настанот се случил околу 22 часот на локалниот пат Струга- Долна Белица.
Престрелката се случила кога на група лица било пукано од возило во кое се наоѓале неколкумина. Првичните сознанија за причината за настанот се меѓусебните нарушени односи. По настанот, сторителите го напуштиле местото и во моментов се недостапни на органите на прогонот.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга во насока на расветлување на настанот и сторителите, издаде наредба за обдукција на починатото лице, за прибирање и вештачење на траги од лице место. Возилото од кое се пукало е испратено на вештачење и обработка.
Еден од повредените се наоѓа на лекување во струшката болница, додека пак другото поради тежината на повредите е пренесено на лекување во Скопје.
