МВР: За 24 часа издадени 2.621 потврди за барање азил

14.12.2015 11:43

Досега се потврди на вкупно 336.841 странски државјани, од кои, 188.040 се од машки пол, 54.953 од женски, 75.971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.877 деца кои патуваат без родител...

Во изминативе 24 часа издадени се вкупно 2.621 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил  на странски државјани. Од лицата 1.100 се од машки пол, 563 од женски, 937 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 21 деца кои патуваат без родител, соопштува МВР. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан–953, Сирија-945 и Ирак-723.

Досега се потврди на вкупно 336.841 странски државјани, од кои, 188.040 се од машки пол, 54.953 од женски, 75.971 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.877 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-193.586, Авганистан-81.939, Ирак-39.875, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Од почетокот на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.