Русија ќе врши набљудувачки летови над Турција
14.12.2015 11:52
Набљудувачките летови ќе бидат извршувани во период меѓу 14 и 18 декември 2015 година од аеродромот Eрзурум со максимален дострел од 1.500 километри...

Руски воени инспектори ќе извршуваат набљудувачки летови над територијата на Tурција во рамки на договорот за отворено небо.
Набљудувачките летови ќе бидат извршувани во период меѓу 14 и 18 декември 2015 година од аеродромот Eрзурум со максимален дострел од 1.500 километри.
Според началникот на Националниот центар за намалување на нуклеарната опасност летовите ќе бидат извршувани по маршрута, која ќе биде усогласена со Tурција и во авионот ќе има и турски експерти, кои ќе го контролираат извршувањето на набљудувањето и ќе го следат почитувањето на договорот.
