Бугарија: Притворени 33 цариници во истрага против шверц
14.12.2015 12:03
Бугарската државна безбедносна агенција спровела повеќе од 100 рации во пет погранични градови...

Бугарските власти притвориле 33 цариници и го затвориле граничниот премин „Капетан Андрејево“ во рамки на истрага против шверц. Овој премин важи за најголемиот и најметежен граничен премин на Балканот и влезна точка меѓу Европа и Блискиот Исток.
Медиумите информираа дека се создала колона камиони во должина од десетина километри.
Бугарската државна безбедносна агенција спровела повеќе од 100 рации во пет погранични градови. Поради својата географска положба, Бугарија се наоѓа на раскрсница на патиштата на шверцерите со стока и на трговците со луѓе.
