Бензините со непроменета цена, дизелот поевтинува за 2 денари
За два денара поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, на 35,5 денари. Пониска цена има и мазутот, 17,743 денари за килограм...

Бензините и во следните две недели остануваат со иста цена, дизелот поевтинува за два денари. Регулаторната комисија за енергетика ја направи новата пресметка. 98-октанскиот бензин се продава по цена од 64,5 денари за лидар, 95-ката е два денари поевтин, новата цена на дизелот од полноќ изнесува 46,5 денари.
За два денара поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, на 35,5 денари. Пониска цена има и мазутот, 17,743 денари за килограм.
Регуларна во пресметката ги вклучува цената на суровата нафта на берзите и курсот на денарот во однос на доларот, па оттука е и донесена одлуката за намалување на малопродажните цени за 3,30 проценти.
