Нов напад на исламист во Париз

14.12.2015 13:00

Според информациите, напаѓачот го избодел наставникот и извикал: „Ова е предупредување од Даеш“, односно арапското име за Исламска држава...

Непознат маж изутрината со нож неколкупати избодел наставник во претшколска установа во предградие на Париз, притоа извикувајќи пароли на Исламска држава. Нападот се случил во предградие на Обервил, додека наставникот бил сам во училницата.

Според информациите, напаѓачот го избодел наставникот и извикал: „Ова е предупредување од Даеш“, односно арапското име за Исламска држава.

Нападнатиот е надвор од животна опасност, а осомничениот е во бегство.

Од средината на ноември безбедноста во училиштата во Франција е засилена и се забранети собири и паркирање во округот на училиштата.