Бегалска криза

Курц: Да се воведе горна граница за мигрантите

14.12.2015 13:06

Тој во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ истакна дека е дефинитивно за подигнување ограда на надворешната граница на ЕУ, на пример во Македонија.

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска изјави дека треба да се воведе горна граница за бројот на лица кои ќе добијат азил, додавајќи дека го поддржува подигнувањето ограда на надворешната граница на ЕУ.

Тој во интервју за виенскиот весник „Естерајх“ истакна дека е дефинитивно за подигнување ограда на надворешната граница на ЕУ, на пример во Македонија.

Го сметам моменталното подигнување ограда на Шпилберг како неопходно, бидејќи тоа го олеснува управувањето со влезот на бегалците, нагласил Курц.