Троен самит за мигрантите во февруари 2016-та

14.12.2015 13:10

За трилатералниот состанок се уште не е утврден точен датум, но се очекува тој да се одржи во почетокот на февруари идната година, на островот Хиос...

Грција ќе иницира трилатерален самит со учество на грчкиот премиер Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, посветен на бегалската криза, најави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

За трилатералниот состанок се уште не е утврден точен датум, но се очекува тој да се одржи во почетокот на февруари идната година, на островот Хиос.

Од почетокот на годината, повеќе од 750.000 бегалци и мигранти преку Егејско Море пристигнале од Турција во Грција.