Чомски: ИД не може да биде поразена со воена сила
Наом Чомски предупредува дека за да се намали можноста за други напади, западот треба да ги бара причините за теористичкиот напад во Париз...

Познатиот американски теоретичар Наом Чомски тврди дека со интензивирањето на воздушните напади на терористичките организации, Западот ја зголемува можноста за големи терористички напади како оној во Париз. Исламска држава не може да се порази со воена сила, смета Наом Чомски.
Наом Чомски предупредува дека за да се намали можноста за други напади, западот треба да ги бара причините за теористичкиот напад во Париз.
Според неговите толкувања, причините се инвазијата на Ирак и Авганистан, како и вахабизација на сунитскиот ислам, што резултирал со пораст на глобалниот радикален ислам.
„Ако сакате да заврши тоа, прво прашање е зошто дошло до тоа? Кои се непосредните причини и подлабоки корени. И тогаш се обидувате да им се обратите“, наведува професорот Чомски во интервју за независната и непрофитабилна онлајн глобална медиумска мрежа „Активизам Минхен“.
Во спротивно, едноставната стратегија на бомбардирање нема да промени ништо, освен што ќе го зголеми ризикот од дополнителни терористички напади, вели Чомски.
Веројатно не е возможно ИД да се победи со воена сила, а и да се случи Западот да ги уништи терористите, би се појавило нешто полошо доколку не се отстранат основните причини- тврди Чомски.
