Образование

Во второто полугодие - екстерно тестирање

20.01.2014 15:57

Со песна и игра учениците од  прво три го почнаа второто полугодие.

По 3-неделниот распуст, денеска се вратија во училишните клупи.

Основците од скопското „Кирил и Методиј“ на првиот час ги повторија старите лекции. Наставничката Марина вели дека второто полугодие носи нова енергија.

Продолжението на учебната година за матурантите донесе поголеми обврски. Неделава ги очекува екстерното тестирање, вели Марина Василева -наставничка во ОУ „Кирил и Методиј“ - Скопје  

Раководствата на училиштата тврдат дека ги направиле сите контроли тестирањето да помине без проблеми.

Вчера на влезните врати од училиштата беа објавени двата предмета што ќе се полагаат за неколку дена, а прашањата се познати од 25 декември, рече  Драган Данев – Директор на СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје

Учениците од трето одделение до трета година средно, екстерно ќе бидат  тестирани  на крајот на учебната година.

Викторија Тодоровска