Раст на БДП од 3,5% во третиот квартал
Според податоците, најголем пораст е забележан во секторите: Градежништво- 29,4%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности- 15,9%...

Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2015 година забележа раст од 3,5%, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците, најголем пораст е забележан во секторите: Градежништво- 29,4%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности- 15,9%; Финансиски дејности и дејности на осигурување, 11,7% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна- 7%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2015 година, номинално расте за 3,4%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,4%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 3,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,9%.
