Запленети 30 килограми марихуана наменета за турскиот нарко- пазар

14.12.2015 14:46

Марихуаната била спакувана во 30 пакетчиња обвиткани со алуминиумска фолија, сокриена во специјално изработен бункер под седиштата...

30 килограми високо квалитетна марихуана наменета за турскиот нарко пазар e запленета на граничниот премин Богородица. Дрогата ја открило службено куче на царината, а била пронајдена во возило кое го управувало 61 -годишен гостиварец.

Марихуаната била спакувана во 30 пакетчиња обвиткани со алуминиумска фолија, сокриена во специјално изработен бункер под седиштата.

Гостиварецот дрогата ја набавил од Албанија за цена од 15 илјади евра, требала да заврши на нарко пазарот во Турција.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.