Објавен оглас за распределба на социјални станови во Ресен

14.12.2015 15:02

На огласот право да конкурираат имаат седум категории на лица кои се станбено необезбедени...

Министерството за транспорт и врски објави оглас за распределба на 18 социјални станови во Ресен.

На огласот право да конкурираат имаат седум категории на лица кои се станбено необезбедени, односно деца без родители и родителска грижа, корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, лица припадници на ромската заедница, самохрани родители, слепи лица.

Огласот за распределба на овие станови ќе трае 30 дена, односно до 14 јануари 2016 година.