Есенска акција за садење 5.000 садници на Град Скопје

14.12.2015 15:21

9.500 дрвја ке бидат посадени на територијата на Град Скопје. Нови садници во парковите, покрај булеварите, и во училиштата...

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо  Јакимовски, советници од Советот на Град Скопје, директори на јавни претпријатија и ученици од средните училишта, денеска учествуваа во садењето 360 листопадни дрвја во вториот дел на Парк Македонија, во рамките на есенската акција за садење 5.000 дрвја на територијата на градот.

Во есенската акција на Градот Скопје ќе бидат засадени 5.000 садници по булеварите и во сите опшини, односно во дрворедите на булеварите, во парковите и во блоковското зеленило во општините. Оваа акција ја започнавме малку порано во СУГС „Васил Антевски –Дрен“, кога го почавме садењето на 500 садници во сите средни училишта, а во рамките на неа  ќе се садат садници и во дрворедите на булеварите и на некои од нив веќе се спремни, односно ископани дупките. Дополнително, на заинтересираните урбани и месни заедници и куќни совети Градот Скопје додели околу 4.000 садници, во две акции, пролетна и есенска. Инаку, во текот на 2015 година на јавните зелени површини екипи на Градот Скопје, вклучувајќи ја и оваа акција, имаат  засадено над 9.500 садници, соопшти градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот на Општина Карпош го изрази своето задоволство од одличната досегашна соработка со Градот Скопје и посочи дека таа ќе продолжи и во иднина, особено за проекти кои ќе ја подобрат животната средина на жителите на неговата општина.