Објавен оглас за доделување на 18 социјални станови во Ресен

14.12.2015 16:44

Право да конкурираат имаат деца без родители, корисници на социјална помош, инвалидни лица, самохрани родители. Становите ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба, велат од Министерството за транспорт и врски...

Лицата од социјалните категории и децата без родителска грижа кои што се станбено необезбедени ќе можат да конкурираат за 18 социјални станови кои државата ги гради во Ресен. Министертсвото за транспорт и врски го објави огласот кој ќе трае еден месец. Право да конкурираат имаат деца без родители, корисници на социјална помош, инвалидни лица, самохрани родители. Становите ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба, велат од Министерството за транспорт и врски.

Предност при добивање стан ќе имаат децата без родители или родителска грижа, односно лица над 18 години кои до осумнаесеттата година биле згрижени во институции и други облици за згрижување деца без родителикорисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот стаус на нивните примарни живеалишта, инвалидни и лица на кои им е потребна помош и грижа“, вели министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Во тек е изградба на два објекта во Кочани и еден во Македонски Брод. Наскоро се очекува да започне градбата и на зграда со 70 станови во Гостивар-  најави директорот на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор.

„Пред месец- два ја пуштивме во употреба зградата во Демир Хисар, подоцна во Прилеп и Ресен. Министерството веќе ги објавува конкурсите за да можат да аплицираат граѓаните кои ги исполнуваат овие услови“, вели директорот на Јавното станбено претпријатие Цветко Грозданов.  

Подносителот на барањето за добивање на социјален стан може да поднесе документација и да аплицира само за една од седумте категории.  Огласот за распределба на овие станови ќе трае  до 14 јануари 2016 година. Изминатите години во Македонија се изградени вкупно 678 станови во 13 општини во земјава.

 

Дијана Ценевска