Туристичките агенции ги трошат понудите за Нова година

14.12.2015 17:21

Понудите од агенциите за пречек на Нова година се за сечиј вкус. Сепак сѐ поголем е бројот на граѓаните кои сами си букираат преку интернет. И Македонија има што да им понуди на туристите во зимските денови.

Туристичките агенции работат со полна пареа. Нудат понуди за пречек на новогодишните празници за сечиј вкус. На планина, во европска метропола, па и   егзотични дестинации. Сепак, поголем дел од граѓаните се уште не решиле каде ќе ја минат новогодишната ноќ.

Од туристичките агенции велат дека најголем интерес има за европските градови.

И Македонија има што да им понуди на туристите во зимскиот период и за претстојните празници. Маврово, Охрид, Шапка- се туристички дестинации атрактивни за домашните, но и за странските туристи.

Сепак, туристичките работници велат дека во споредба со претходните години имаат помалку работа, бидејќи дел од граѓаните сами си ги организираат патувањата.

Во последниве години во Македонија се зголемува трендот на граѓани кои своите аранжмани ги букираат сами преку интернет.

Ана Јосифоска- Тодоровска