Конзорциуми

Kомпаниите поблиску до европските фондови вредни над 80 милијарди евра

20.01.2014 16:40

Во следните шест години македонските компании ќе можат да ги користат европските фондови вредни повеќе од 80 милијарди евра. За овие пари тие ќе можат да аплицираат доколку се приклучат кон поголеми конзорциуми.

Од Стопанската комора велат дека станува збор за две нови програми, „Косме“ и „Хоризонт 2020“, наменети за поддршка на претприемништво и иновации, како и за развој на истражувачка дејност.

Европската комисија веќе ги објави двете клучни програми за следните седум години, „Косме“, вредна 2,3 милијарди евра чија цел е поттикнување на иновативноста, конкутрентноста и одржливоста на малите и средните претпријатија (МСП), како и развивање на претприемачката култура, и „Хоризонт 2020“ со проектирани вкупно 80 милијарди евра за поврзување на науката со индустријата, финансирање истражувања, технолошки развој, примена и тн.

Бирократските процедури се значително поедноставени што им овозможува на компаниите да се приклучуваат на конзорциуми и да реализираат одредени свои приоритети.  

„Македонските компании и институции треба да се борат со европските за добивање на проектите што значи дека мора да го задоволат одреденото ниво на квалитет“, појасни Јадранка Аризанковска од  Стопанска комора на Македонија.

Се претпоставува дека најмалку три милијарди евра ќе се алоцираат за малите и средните фирми во рамки на овие програми кои ќе бидат дополнително поддржани и со финансиски инструменти како кредитни линии, гарантни фондови,... Предизвикот за аплицирање, пред се, ќе се бара во конкретно научно истражување, подобрување на индустриската конкурентност, создавање подобри производи, примена на ИКТ, енергетиката, нанотехнологиите, создавањето нови материјали, биотехнологиите, додава таа.

За малите и средните фирми лимитот на бројот вработени е зголемен, од 250 на 500, што овозможува на повиците да конкурираат и поголемите компании.

Аризанковска додаде дека новите програми се практично продолжение на досегашните ФП7 (за интелигентна енергија и екоиновации) и ЦИП (за конкурентност и иновативност).