Годинава тутунот со повисока цена
Откупот на тутунот стартуваше со повисока просечна цена од минатата година. Лани се предаваше за 120, а сега се проценува на 178 денари за килограм.

Добар почеток на откупот на тутун. Минатата недела шест од деветте монополи откупиле скоро 700 тони по просечна цена од 178 денари за килограм.
Тутунарите се задоволни иако во овој период се предаваат пониските класи по што очекува зголемување на цените поради добриот квалитет на родот.
Вкупната врдност на досега откупениот тутун е 126 милиони,а на сметката на тутунарите веќе се исплатени скоро 3 милиони денари.
Според пријавените договори од откупни претпријатија од реколта 2015 година се очекува да се откупат од 24.000 до 25.000 тони суров тутун што е приближно на ланското ниво.
Методија Трајков
