Уреден дел од коритото на реката Шемница

15.12.2015 11:08

Во рамките на проектот „Регулирање на коритото на реката Црна и нејзините притоки“ со финансиска подршка од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регинален развој, санирана и уредена е една од најкритичните точки на река Шемница во централното подрачје на Могила...

По затворањето на процепите на коритото на Црна Река, превентивен зафат за заштита од поплави и на нејзината најголема притока реката Шемница. Најкритичниот дел на коритото од каде зимоска се поплавуваше централното подрачје на Могила е проширено и естетски уредено со природен камен. Во оваа прваа фаза опфатени се 150-тина од планираните 1.300 метри. Од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион и општина Могила како главни носители на проектот финансиски подржан од Бирото за регионален развој велат дека идната година активностите ќе продолжат.

„Ќе уредиме дополнителни 100-150 метри, така да преку овие интервенции преку нашата институција ќе бидат опфатени окулу 250 метри. Преку бирото за регионален развој годинава инвестиравме нешто над 90.000 евра, а за вгодина планираме да добиеме уште 60.000 евра“, вели Емилија Геровска, директор на ЦРППР.

Уредувањето на коритото на Шемница има повеќекратно значење. Таа служи и како главен испустен фентил на ХМС Стрежево, акумулацијата која во ланските поплави се покажа како вистински сојузник на могилчани во справувањето со водената стихија.

„За наредната година имаме добиено доплонителни количини на нафта па мислам дека во соработка со водостопанските претпријатија и останатите релевантни фактори ќе смогнеме сили да го исчистиме и преостанатиот дел од коритото на Шемница и да бидат безбедни сите оние што имаат имот долж коритото на целата река“, вели Стево Пивковски, градоначалник на општина Могила.

Во насока на зголемување на превентивата, Пивковски вели дека максимално се користат поволните временски услови и сеуште интензивно се работи и на расчистување на вегетацијата од коритото на Црна Река.

 

Стевче Митревски