Кери во Москва на средби со Путин и со Лавров
Кери во Москва пристигна од Париз каде што учествуваше на самиот за климатските промени и на состанокот посветен на решавање на сириската криза, во пресрет на меѓународниот собир за тоа прашање на 18 декември во Њујорк...

Американскиот државен секретар, Џон Кери, допатува во Москва каде што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со колегата Сергеј Лавров и ќе разговараат за сириската криза и за состојбата во Украина.
Кери во Москва пристигна од Париз каде што учествуваше на самиот за климатските промени и на состанокот посветен на решавање на сириската криза, во пресрет на меѓународниот собир за тоа прашање на 18 декември во Њујорк.
Кери, меѓудругото, ќе побара од Русија во целост да го почитува мировниот договор од февруари годинава во замена за ублажување на санкциите за Москва.
