Лидерска средба за договорот од Пржино
15.12.2015 10:25
Лидерите на четирите најголеми политички партии треба да разговараат за изборот на тројцата експерти во ДИК како и за медиумските реформи...

Лидерите на четирите најголеми политички партии денеска треба да одржат нова средба на која што ќе се разговара за исполнување на Јунско-јулскиот договор.
Тие треба да разговараат за изборот на тројцата експерти во ДИК како и за медиумските реформи.
На средбата на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ, на ДУИ и на ДПА треба да присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД, Орав и Бејли.
