МВР: За 24 часа издадени 2.653 потврди за барање азил
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.035, Ирак-874 и Авганистан–744...

Во изминатото деноноќие на 2.653 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од нив 1.045 се од машки пол, 539 се од женски, 1.060 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште девет деца кои патуваат без родител.
Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.035, Ирак-874 и Авганистан–744.
Во периодот од 19 јуни до вчера до 24 часот, издадени се потврди на 339.494 странски државјани, од кои, 189.085 се од машки пол, 55.492 се од женски, 77.031 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.886 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-194.621 потоа Авганистан-82.683, Ирак-40.749, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.
