ЕУ: Денеска одлука за заштита на надворешните граници
15.12.2015 11:57
Извори на Европската комисија велат дека тоа е обид да се спаси Шенгенскиот договор и просторот за слободна трговија во рамки на Унијата...

Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска би требало да донесат одлука за заштита на надворешните, а делумно и на Шенгенските граници на Европската унија, со поставување неколку илјади припадници на европската гранична стража која би може да делува независно од властите на државите членки.
Извори на Европската комисија велат дека тоа е обид да се спаси Шенгенскиот договор и просторот за слободна трговија во рамки на Унијата, кој стана загрозен поради недоволно заштитените надворешни граници на Унијата.
