Формирана воена коалиција од 34 држави против Исламска држава
15.12.2015 12:13
Во заедничкото соопштение на земјите се наведува дека решиле да формираат воена алијанса, предводена од Саудиска Арабија со заеднички оперативен центар во Ријад кој ќе ги поддржува и координира воените операции...

Властите на Саудиска Арабија соопштија дека е формирана воена коалиција од вкупно 34 држави за борба против Исламска држава.
Во заедничкото соопштение на земјите се наведува дека решиле да формираат воена алијанса, предводена од Саудиска Арабија со заеднички оперативен центар во Ријад кој ќе ги поддржува и координира воените операции.
Меѓудругото, во соопштението се истакнува и должноста да се заштити исламскиот народ од злото и од сите терористички организации кои сеат смрт и чијашто цел е да ги тероризираат невините.
